КОЈА ИНДУСТРИСКА ХРАНА МОЖЕ ДА ГО ЗГОЛЕМИ РИЗИКОТ ОД РАК? Ново истражување на британските научници
Индустриски преработена храна која најчесто се јаде се купечки леб, готови оброци, разни житарки за појадок, месни производи, слатки и купечки кекси, печива и колачи.
Одамна е познато дека индустриски преработените производи како сладолед, шунка, грицки и леб се помалку здрави од сѐ што можете да направите во вашата кујна, а научниците сега мислат дека хемикалиите, боите, засладувачите и конзервансите во нив би можеле да го зголемат ризикот од рак, пишува германската новинска агенција dpa.
Студијата финансирана од Cancer Research UK и Светскиот фонд за истражување на ракот сугерира дека можеби постои врска помеѓу индустриски преработената храна и зголемен ризик од различни видови на рак.
Тимот од Империјалниот колеџ во Лондон, кој го водел истражувањето, оценил дека врската не може да се докаже бидејќи се заснова на набљудувања, односно на тоа што луѓето се присетувале што јаделе.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.