ОТКРИЕНИ ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА ТИТО „Дали мислеше на Југославија или на болеста?“
Кога виде дека сè пропадна, неговите последни зборови беа: Што е значењето на сето ова?!, изјавил Станковиќ за РТС.
По повеќе од три и пол децении, откриени се последните зборови на Јосип Броз Тито. Овие зборови во јавноста ги откри лекарот Миломир Станковиќ, кој во тоа време беше сместен како дежурен лекар покрај креветот на Тито, пишува Мондо.
– – Кога виде дека сè пропадна, неговите последни зборови беа: „Што е значењето на сето ова?!“ – изјавил Станковиќ за РТС.
Станковиќ не знае дали изјавата на Тито е во врска со неговата болест и терапија или со нешто од неговиот живот, настан од политиката или слично.
– – Сега, не знам дали тоа е поврзано со некои одлуки што ги донел или со лекарите кои му ветиле дека терапијата ќе работи… – додава лекарот.
Во средината на февруари 1980 година, Тито веќе не можел да зборува и бил во вештачка кома до остатокот од животот, открил лекарот за РТС. Станковиќ имал задача да ги запише дијагнозите, прогнозите на лекарите и терапии што ги земал претседателот кој се лекувал во Љубљана. Тој ги опишал последните мигови во својата книга „Тито, меѓу животот и смртта“ од 2016 година.
На 4 мај во 15 часот и 5 минути се појавила права линија на апаратите на кои бил приклучен Тито.