ОД СИТЕ ИТАЛИЈАНЦИ, ТИТО ЈА ИЗБРА ЏИНА ЛОЛОБРИЏИДА За Маршалот таа беше нумеро уно! (ФОТО)

На средбата со Џина Лолобриџида во 1973 година, Тито се сетил на нејзиниот поранешен сопруг, Југословен, кој му асистирал на професорот што го оперила Маршалот за време на војната.

4,274

За време на едно интервју, за да избегне малку срамен одговор на прашањето за која италијанска политичка фигура има најмногу симпатии, Јосип Броз Тито одговорил – за Џина Лолобриџида.

Тоа не е сосема случајно.






Филмската дива Џина Лолобриџида, која почина на 95-годишна возраст, во текот на нејзината богата филмска кариера, запознала многу големи политичари, меѓу кои и Јосип Броз Тито.

Во архивска снимка направена во периодот на Југославија, актерката ја опишала средбата со Тито што се случила во 1973 година во Белград на филмски фестивал.

– За време на мојата долга филмска кариера запознав многу луѓе, многу истакнати личности. Кога почнав да се занимавам со фотографија, запознав многу политичари – Фидел Кастро, Хенри Кисинџер, Џими Картер, како и претседателот Тито. Го запознав претседателот Тито во 1973 година. Бев поканета во Белград на филмски фестивал. По тој повод, на мое изненадување и големо задоволство, бев поканета во резиденцијата на претседателот Тито. Отидов со пријател. Нѐ прими со многу топлина и сочувство. Се сети на мене и на мојот поранешен сопруг, кој е Југословен. Кога Тито беше опериран за време на војната, мојот поранешен сопруг беше асистент на професорот кој го оперирал – евоцирала спомени познатата актерка.

Таа додала дека со Тито разговарала за многу работи, а била воодушевена од неговата љубов кон фотографијата.

– Бидејќи е страстен вљубеник во фотографијата, нашиот разговор беше многу жив. Меѓу другото, ми кажа дека за време на едно интервју, за да избегне по малку срамен одговор на прашањето за која италијанска политичка фигура има најмногу симпатии, одговорил – за Џина Лолобриџида – открила актерката.

Поврзани содржини