ТЕЛАТА НА ДВЕТЕ ЖЕНИ СЕ ДАДЕНИ НА ОБДУКЦИЈА Ќе се вештачат трагите пронајдени во станот на Рузвелтова

512

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во стан на улицата Рузвелтова каде, според првичните сознанија, 40-годишен маж ги лишил од живот неговите мајка и баба.

„Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место“, соопшти Обвинителството.






Попладнево, околу 14:30 часот се случидвојно убиство во скопската населба Карпош, односно во стан на улицата Рузвелтова, потврди МВР.

Маж ги заклал својата 60-годишна мајка и својата 80-годишна баба.

Поврзани содржини