АЛБАНСКО БРАТСТВО Средбата почна со чаша црвено вино

1,078

Лидерите на албанските партии во Северна Македонија вечерва во Тирана имаат средба со албанскиот премиер Еди Рама на која присуствува и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка.

Рама на фејсбук објави фотографија од средбата на која се гледа дека тој и неговите гости наздравуваат со вино. Тој упати новогодишна честитка до сите Албанци – каде и да се. Пораката беше проследена со хаштагот „Албанско братство“.






Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, кој на средбата со Рама во Тирана пристигна во придружба на првиот вицепремиер Артан Груби, рече дека во пријателските и братски разговори ќе се разгледаат сите теми.

Поврзани содржини