ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА СИНДРОМОТ НА НОВОГОДИШНА ЕЛКА? Ако деновиве почнавте да пројавувате симптоми на настинка, сетете се кога ја редевте елката
Наједноставно кажано, синдромот на новогодишна елка е здравствена состојба на зголемена алергиска реакција при местењето и украсувањето на дрвото.
Новогодишните празници се период на забава и радост, но експертите тврдат дека украсите, вклучително и елката, би можеле негативно да се одразат на нашето здравје. Постои и име за оваа состојба – синдром на новогодишно дрво.
„Синдромот на новогодишната елка се опишува како здравствена состојба на зголемени алергиски реакции кога ќе го поставите и ќе го украсите дрвото. Симптомите вклучуваат течење на носот, кивање и кашлање. Тие се слични на поленската треска, па може да се јави и чешање на очите, како и осип на кожата, кој е познат како дерматитис на елка. Луѓето со астма може да доживеат влошување на симптомите, што може да прерасне во бронхитис“, објаснил фармацевтот Султан Дајани.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.