ЕВРОПСКИТЕ МИНИСТРИ ОДОБРИЈА КАНДИДАТСКИ СТАТУС ЗА БОСНА Останува одлуката да биде потврдена на Самит на ЕУ
Одлуката на министрите потоа ќе ја потврдат и шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската унија на самитот што ќе се одржи на 15 декември.
Министрите за европски прашања на членките на ЕУ, на состанок кој сè уште е во тек, донесоа заклучоци во кои се наведува дека „се препорачува Босна и Херцеговина да добие статус на земја кандидат со потврда од Европскиот совет“, јавија сараевски медиуми.
Одлуката на министрите потоа ќе ја потврдат и шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската унија на самитот што ќе се одржи на 15 декември.
„Во актуелниот геополитички контекст, Советот на ЕУ ја нагласува итноста земјата да напредува на својот пат кон ЕУ, особено преку исполнување на сите 14 клучни приоритети за отворање на пристапните преговори со ЕУ, идентификувани во Мислењето на Европската комисија за барањето на БиХ за членство во ЕУ, усвоено од Советот во 2019 година“ – пишува меѓу заклучоците во документот во кој имало увид Радио Слободна Европа.
Во 2016 година Босна и Херцеговина аплицираше за полноправно членство во Европската унија.
Во октомври 2019 година Европската комисија препорача статус на кандидат за полноправно членство во ЕУ за Босна и Херцеговина, со очекување дека ќе бидат исполнети осум конкретни услови, како усвојување измени во законот за судски и обвинителски совет, законот за судови, да се донесе закон за спречување судир на интереси, како и да се преземат чекори во борбата против корупцијата и организираниот криминал, забрана на тортура, ефикасна контрола на границите, како и обезбедување на функционирање на системот за азил. Меѓу условите беше и гарантирањето слобода на изразување и на медиумите, заштита на новинарите, особено преку обезбедување соодветни судски постапки во случаи на закани и насилство врз новинари и медиумски работници.