МАСК ОБЈАВИ КАКО СЕ БРИШЕЛЕ ДОКАЗИ ЗА БАЈДЕН НА ТВИТЕР Белата куќа реагираше, „тоа е интересна случајност“

Гледаме на ова како на интересна коинциденција и ни го одвлекува вниманието, им рече портпаролката на Белата куќа, Карина Жан-Пјер на новинарите. Според неа, Илон Маск имал свои мотиви да ги објави документите, кои се „стари вести“, а истите го поттикнале говорот на омразата.

1,028

„Датотеките на Твитер“ во кои еден американски новинар објави како на платформата биле цензурирани и избришани информации за претседателот Џо Бајден и неговиот син Хантер во 2020 година, непосредно пред претседателски избори, за Белата куќа во Вашинтгон се „интересна случајност“. Новинарот кој ги објави датотеките се вика Мет Таиби, а нивното објавување претходно го најави Илон Маск, новиот газда на Твитер велејќи дека „јавноста има право да знае“.

Документите откриваат како била избришана цела статија на Њујорк пост во која се зборува за бизнис-врските на Хантер и татко му во Украина и во Кина. Твитер ги блокирал корисниците кои решиле тогаш, пред изборите во 2020 година да ја постираат приказната во која Вадим Пожарски, украински магнат, барал средба со Џо Бајден. Приказната ја потврдува и мејл од лаптопот на синот Хантер, јавува Њузвик.






Новинарот Таиби постираше скриншот од преписката каде вработен во Твитер одговара дека неколку линкови се избришани.

Материјалите кои беа објавени благодарение на Илон Маск, откако новинарот се согласил да ги објави „под одредени услови“, содржеле и слики со голотија и со дрога.

„Имаше твит од кинески профил на кој има гола жена над Хантер Бајден, како и семејна фотографија. Две слики од пенисот на Хантер Бајден, на едната од сликите имаше друга жена во позадина. Следната листа на материјали на Таиби беше отстранета од Твитер откако беше означена од Главниот штаб на Демократската партија. Тие вклучуваат слика на Хантер Бајден како пуши крек и како му ги тријат нозете, но и линк до секс-снимка на Хантер Бајден“, напиша колумнистот Тим Милер кој дебатира дали постои уставно право кое би ти загарантирало да објавиш приватни слики од јавна личност на платформата и заклучува дека тоа не ги крши американските закони.

За Белата куќа, бришењето на статијата на Њујорк Пост и фајловите за Бајден се оправдани. Портпарлката  Карин Жан Пјер на новинарско прашање рече дека Илон Маск имал задни мотиви да ги открие фајловите, но и дека со ова тој го поттикнал говорот на омраза на социјалната мрежа.

– Гледаме на ова како на интересна коинциденција и ни го одвлекува вниманието – им рече Жан-Пјер на новинарите.

Портпаролката тврдеше дека Маск „случајно“ ги објавил датотеките на Твитер, кои биле „одвраќање што е полно со стари вести, ако размислите за тоа. И во исто време, Твитер се соочува со многу реални и многу сериозни прашања за зголемениот обем на гнев, омраза и антисемитизам на нивната платформа и тие дозволуваат тоа да се случи“, објаснува таа.

 

Пред овие фајлови да бидат објавени, Илон Маск почна да ја објавува преписката на тогашните раководители на Твитер со Демократскиот национален центар (ДНЦ), од каде, наводно, барале цензура на линкови поврзано со Џо Бајден и Хантер Бајден пред изборите во 2020 година.

Пораките меѓу членови на ДНЦ и вработени во Твитер покажува дека официјален претставник на Твитер на 24 октомври 2020 година напишал дека добил „дополнителен извештај од ДНЦ“ за тоа што треба да се повлече од страницата. Следното утро, за да го докаже тоа, тој функционер на Твитер потврдил дека објавата е избришана, со зборовите: „Веднаш ја уловив“.

Синот на Џо Бајден е долго време на насловните страници во САД откако протекоа е-мајловите од неговиот лаптоп кој бил конфискуван откако бил однесен на сервис. Властите имаат доволно информации да биде започната истрага иако тоа не е сторено до денес.

Претставникот Ли Зелдин, републиканец од Њујорк, во неделата ја обвини левицата за извртување на приказната за лаптопот Хантер Бајден.

„Прво, левицата лажеше дека содржината на лаптопот на Хантер Бајден е руска дезинформација. Сега, левицата ја врти содржината на лаптопот дека тоа се приватни работи на Хантер. Вистината отсекогаш била дека се работи за Големиот човек и за неговиот дел од колачот и за неговите меѓународни шеми со пари“, напиша Зелдин на Твитер.

СИНОТ НА БАЈДЕН ДОБИЛ 5 МИЛИОНИ ОД КИНЕСКА НАФТЕНА КОМПАНИЈА Се стега обрачот околу истрагата за Хантер

 

Поврзани содржини