МВР ВО АКЦИЈА ВО АРАЧИНОВО Уапсен е 49-годишен маж

292

Утрово од 05 до 08.30 часот оперативниот тим потраги во содејство со припадници на одделот за специјални полициски операции-ОСПО и полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на подрачјето на село Арачиново, скопско, го лишиле од слобода Н.Р.(49) од Арачиново.

„За него била распишана централна потерница согласно наредба од  Основен Кривичен суд -Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во времетраење од година и половина, во врска член 396 од Кривичниот законик, за неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи. Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна“, информира МВР.






Во 06.30 часот полициски службеници извршиле проверка во куќа во селото Горно Мојанци, сопственост на Џ.О., во која престојувал Ф.О.(40) од Арачиново, при што бил пронајден  пиштол. Пиштолот е одземен за понатамошна постапка, по лицето се трага, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Поврзани содржини