ВО УКРАИНА ЛУЃЕ ГИНАТ ВО ОБИД ДА СЕ ЗГРЕАТ Деветмина загинаа во пожари во станови во еден ден

Поради прекините на снабдувањето соструја Украинците се повеќе прибегнуваат кон употреба на генератори, свеќи и плински боци во своите домови.

430

Украинските власти денеска соопштија дека во изминатите 24 часа девет лица загинале во пожари при обид да ги загреат своите станови, а притоа ги прекршиле безбедносните правила.

Во официјалното соопштение се наведува дека бројот на пожари се зголемува бидејќи, поради редовните прекини во снабдувањето со електрична енергија, Украинците се повеќе прибегнуваат кон употреба на генератори, свеќи и плински боци во своите домови, пренесуваат британските медиуми.






Само во последните 24 часа во Украина се регистрирани 131 пожар, од кои 106 во станбени згради. Девет лица го загубија животот, а осум се повредени. Пожарите зачестија поради прекршување на правилата за заштита од пожари во станбени згради и употреба на несертифицирани уреди за греење и подготовка на храна”, се наведува во соопштението на украинските власти.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат повнимателни во домовите и да им објаснуваат на децата за опасностите од пожар.

Поврзани содржини