ТАЈНО ЈА СНАБДУВААТ УКРАИНА, АМА СО ГРАНАТИ ОД ПАМТИВЕК Војната ги врати старомодните тенкови и муниција во Европа
За да ја снабдат Украина, НАТО-земји трескавично бараат оружје од советската ера, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана С-300, тенкови Т-72 и особено артилериски гранати од советски калибар. Тие се обидуваат да купат муниција од земји како Јужна Кореја, а се разговара и за инвестирање на НАТО во стари компании во Чешка, Словачка и Бугарија за да се рестартира производството на советски гранати од 152 и од 122 милиметри.
Одредени западни земји му обезбедуваат воена помош на Киев и покрај тоа што јавно го негирале тоа, изјави во петокот украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба. Во такви случаи, оружјето се доставува преку трети лица, рече тој во интервју за францускиот весник Парижанин. Иако Кулеба не навлезе во детали се претпоставува дека тоа се големите сили во НАТО кои уште не „пресушиле“ со своите резерви. Но, дури и тие кубурат со производството на гранати додека во меѓувреме Украинците и Русите користат технологија од Втората светска војна.
Со конфликтот во Украина, во Европа се врати класичната артилерија и тенковската војна, нешто што никој не можеше да го претпостави. Двете страни пукаат со старо оружје и муниција со невидено темпо, пишува Њујорк тајмс. Само во текот на летото, Украинците испукаа од 6.000 до 7.000 гранати дневно, а Русите од 40.000 до 50.000.

Може ли Западот да се носи со таквото темпо на побарувачка? САД за еден месец можат да произведат само 15.000 гранати. Но, според извештај од само „поголемите“ сојузници на НАТО, како што се Франција, Германија, Италија и Холандија, сè уште ја задржуваат способноста да одржуваат, па дури и потенцијално да ја зголемат испораката на оружје во Украина.
– Помалите земји го исцрпија својот потенцијал – изјави официјален претставник на НАТО за весникот, додавајќи дека најмалку 20 од 30-те членки на блокот веќе се „прилично искористени“ .
Затоа НАТО-земји трескавично бараат оружје од советската ера, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана С-300, тенкови Т-72 и особено артилериски гранати од советски калибар.
Тие се обидуваат да купат муниција од земји како Јужна Кореја, а се разговара и за инвестирање на НАТО во стари компании во Чешка, Словачка и Бугарија за да се рестартира производството на советски гранати од 152 и од 122 милиметри.