ВНУКАТА НА БАЈДЕН ЌЕ СЕ ВЕНЧА НА ТРЕВНИКОТ ВО БЕЛАТА КУЌА Кој ќе ја плати скапата забава на Наоми и Нил?

Не сум сигурна како најдобро да се ажурирам, но требаше да го направам тоа пред неколку недели... значи, ние конечно сфативме каде ќе биде церемонијата... ова е големо олеснување на тајната служба и е поддржано од кучињата (миленици)... ќе се венчаме на јужниот тревник! Не можам да сум повозбудена од ова.

288

Не ја жени само Трамп својата ќерка Тифани. Наоми Бајден, внуката на неговиот противник, претседателот Џо Бајден и првата дама д-р Џил Бајден, ќе се венчаат оваа сабота во Белата куќа. Американците се прашуваат дали за свадбата ќе плати народот преку даноците или Џо Бајден сам ќе ја финансира забавата?, прашува Њузвик.

Наоми (28) е ќерка на синот на Бајден, Хантер Бајден и Кетлин Буле, кои се разведоа во 2017 година. Таа е адвокатка со седиште во Вашингтон, а нејзиниот вереник Питер Нил (25) дипломирал на правен факултет претходно годинава, откако стажирал во Белата куќа за време на администрацијата на Обама и работел на кампањата на Хилари Клинтон во 2016 година.






Наоми и Кетлин имале заеднички пријател кој им го „наместил“ првиот состанок. Нил ја запросил 28-годишната девојка лани во септември додека биле во неговиот дом од детството во Џексон Хол во Вајоминг.

Откако претходно планираше свадбената церемонија да се одржи на посебна локација со приемот во Белата куќа, Наоми на крајот на јули твитна фотографија од јужниот тревник и напиша:

„Не сум сигурна како најдобро да се ажурирам, но требаше да го направам тоа пред неколку недели… значи ние конечно сфативме каде ќе биде церемонијата… ова е големо олеснување на тајната служба и е поддржано од кучињата (миленици)… ќе се венчаме на јужниот тревник! Не можам да сум повозбудена од ова“.

Според Елизабет Александар, директорката за комуникации на првата дама, семејството Бајден се грижи за трошоците за венчавката.

Во е-пошта до Њујорк Тајмс , таа напишала:

„Во согласност со другите приватни настани организирани од првото семејство и следејќи ги традициите на претходните свадбени веселби во Белата куќа во претходните администрации, семејството Бајден ќе плаќа за свадбените активности што се случуваат во Белата куќа“.

На брифингот во Белата куќа во јули, прес-секретарот Карин Жан-Пјер им рече на новинарите во врска со венчавката „дека доларите на даночните обврзници нема да одат за тоа“.

– Тоа е лична работа што се случува. Тоа не е работа на Белата куќа, така што не можам да зборувам за тоа од овде – додаде таа.

Свадбите во Белата куќа се голем и историски настан, кој датира од 1800-тите, кога таму се венчаа децата на Џејмс Монро, Џон Квинси Адамс, Џон Тајлер и Улис С. Грант. Севкупно, девет деца на американски претседатели се имаат венчано во Белата куќа.

ОТКРИЕНО КОЈА ПЕСНА ЈА ОДБРАЛА ТИФАНИ ТРАМП За првиот танц на венчавката (ВИДЕО)

 

Поврзани содржини