РАБОТЕТЕ ХАРДКОР ИЛИ ОТКАЗ! Маск ги шокираше вработените во Твитер со нов мејл

Вработените во мејлот требало да кликнат „ДА“ на линкот со која се обврзуваат на „новиот Твитер“, а тие имаат време да донесат одлука за ова до четврток. Во спротивно ќе бидат отпуштени со исплата на плата уште три месеци.

1,649

Најбогатиот човек на светот сака Твитер да биде хардкор, или на македонски, тврдокорен. Поточно, тој на своите вработени им пушти нов мејл во кој бара тие „целосно да се посветат на новата хардкор верзија на Твитер“ или да бидат отпуштени, пишува Индепендент.

Во мејлот пишува дека деловната политика на компанијата ќе стане „исклучително напорна“ во иднина.






„Ова ќе значи долги работни часови со висок интензитет. Само исклучителните резултати ќе добијат преодна оценка“, се наведува во циркуларното писмо до вработените.

Вработените во мејлот требало да кликнат „ДА“ на линкот со која се обврзуваат на „новиот Твитер“, а тие имаат време да донесат одлука за ова до четврток. Во спротивно ќе бидат отпуштени со исплата на плата уште три месеци.

Откако Маск го купи Твитер го отпуши бордот на директори и речиси половина од работниците. Многумина самите заминаа несогласувајќи се со неговото барање да дојдат од своите домови да работат 40 часа неделно во канцеларија.

Поврзани содржини