ПОТРОШУВАЧИТЕ ГО ПРЕТПОЧИТААТ „КАМ“ Верни му се шеста година по ред

Истражувањето за преферирани ланци маркети на „Инсајдер ИД“ се реализира шеста година. Во сите изминати 6 години, „КАМ маркет“ е на врвот на листата.

62

„КАМ маркет“ е прв избор на потрошувачите шеста година во низа, покажа истражувањето „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови 2022“ на агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“, спроведено на територијата на целата земја.

Според ова истражување, 68% од анкетираните потрошувачи се изјасниле дека пазарат токму во КАМ.






Освен во главната категорија, „префериран маркет на потрошувачите“, КАМ се најде на врвот во уште три категории „рангирање на маркетите според процентот на лојални потрошувачи“, „најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот“, „најдобра локациска покриеност“.

Истражувањето за преферирани ланци маркети на „Инсајдер ИД“ се реализира шеста година. Во сите изминати 6 години, „КАМ маркет“ е на врвот на листата.

– Секојдневно работиме во насока да го оправдаме ова признание и да останеме прв избор на потрошувачите, за кои обезбедуваме производи со висок квалитет по ниски цени. Им благодариме за лојалноста! – велат од КАМ.

Поврзани содржини