НОВИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ Од МВР потврдија за една закана, барем засега
Инаку дојавата за поставени бомби во средните училишта започна во средата кога до 8 скопски средни училишта пристигнаа заканите, додека во текот на вчерашниот ден порака беше испратена во девет училишта.
Учениците од втората смена во скопската гимназија „Никола Карев“ се евакуирани денеска поради дојави за бомби.
Од МВР ја потврдија веста за дојавите за бомби и велат дека повторно имало закани, но во моментов станува збор за едно, но немаат сѐ уште информации дали има и во други училишта.
– Денеска (28.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – нѐ информираа од МВР.
Според неофицијални информации до сега стасале пријави за бомби во најмалку четири училишта.
Инаку дојавата за поставени бомби во средните училишта започна во средата кога до 8 скопски средни училишта пристинаа заканите, додека во текот на вчерашниот ден порака беше испратена во девет училишта.