КОЈ ЌЕ ГИ НАБАВУВА РЕЗЕРВНИТЕ ДЕЛОВИ ВО ЈСП? Советникот Галески ја прозва Арсовска за нејзината наводна „опсесија со мед“

Вашата опсесија изгледа освен медот е и Мицкоски, а за тоа треба вие да си водите сметка. Ако имало нешто спорно во однос на оние фотографии кои што ги објавувате, градоначалник сте година дена и сте требале нешто да преземате, или да зборите за нив на тајните средби кои што ги имате со луѓето од власта, рече Галески.

189

Луке Галевски, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја прозва градоначалничката Данела Арсовска прашувајќи да каже пред јавноста кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП. Тој потсети дека поради нејзината неспособност над 1.000 семејства ќе останат без приходи.

      Кога сме кај медот, кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП, ќе прозборите ли за тоа? – праша Галески.






Галески  ѝ посочи на Арсовска дека покрај опсесијата со медот“ опседната е и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, укажувајќи ѝ дека доколку има нешто спорно со фотографиите кои што ги мафта, требало да разговара со лица со власта со кои држи тајни средби.

       – Вашата опсесија изгледа освен медот е и Мицкоски, а за тоа треба вие да си водите сметка. Ако имало нешто спорно во однос на оние фотографии кои што ги објавувате, градоначалник сте година дена и сте требале нешто да преземате, или да зборите за нив на тајните средби кои што ги имате со луѓето од власта – рече Галески.

             Арсовска, отсуството на аргументи значат навреди. Навредите ги даваат слаби и исплашени луѓе и тоа треба да го знаете додаде советникот.

Поврзани содржини