Во СВР Скопје вчера во 09:41 часот било пријавено дека на улицата Македонско- косовска бригада во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса”, управувано од Н.А. (30) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат”, управувано од З.З. (21) од село Визбегово, скопско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса”, А.Е. (79) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, информира МВР.