НЕ ПАТУВАЈТЕ ВО ИРАН! Ако сте таму бидете на безбедно или заминете

Министерството за надворешни работи ги повикува да останат на безбедни локации, да избегнуваат јавни собири и доколку немаат суштинска причина, да ја напуштат земјата.

236

Министерството за надворешни работи апелира до сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од патување во Исламската Република Иран, поради масовните и насилни протести во различни делови од земјата, а особено во Техеран.

Воедно, доколку наши граѓани во моментот се наоѓаат на територијата на Иран, Министерството за надворешни работи ги повикува да останат на безбедни локации, да избегнуваат јавни собири и доколку немаат суштинска причина, да ја напуштат земјата.






За дополнителни информации, сите наши граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од државата, треба да ги следат само официјалните канали на Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и на Амбасадата на Северна Македонија во Софија, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Иран.

Нашите државјани може да се обратат и на дежурниот телефонски број на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732 и следната и-мејл адреса: [email protected]

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Иран и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.

Поврзани содржини