ЗА НИВ НЕ ПОСТОИ „ЗЕБРА“ Вчера 205 пешаци минувале улица каде ќе стигнат
На 46 пешаци полицијата им се издадени покани за посетување сообраќајна поука.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во вчерашната засилена акциска контрола од 9 до 14 часот во земјава се казнетие 205 пешаци од кои 189 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин.
На 46 пешаци им се издадени покани за посетување сообраќајна поука.
За време на контролата регистрирани се и 88 други прекршоци.
-Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин зашто непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници – советуваат од МВР.