На подрачјето на Бит Пазар вчера околу 18 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е.Д.(23) и Џ.И.(22), женско лице, двајцата од Скопје затоа што во 15.56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет.
По извршениот претрес кај пријавените пронајден е нож и пари, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.