МИ ГО СЛЕДАТ ТЕЛЕФОНОТ, НЕ ИМ СЕ ПЛАШАМ Апасиев вели оти службите мислеле дека тој има руски врски
Мене ме следеле физички, мислејќи дека имаме руски врски и со пари од Русија дека правиме протести пред Влада. Учени сме на ова, вели Апасиев во име на целата партија Левица.
„Од 7-ми јули сум ставен под ПИ-мерки. Ми го следат телефонот. Сега во Грција за четвртата партија како што е Левица, имаше афера каде што си дадоа оставки. Мене ме следеле физички, мислејќи дека имаме руски врски и со пари од Русија дека правиме протести пред Влада. Учени сме на ова“.
Вака вечерва на Канал 5 изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Тој потенцираше дека од Левица „не се плашат“.
– Сега ЛДП се растура. Тоа се структури на владејачката партија, според мои информации. Зечевиќ од СДСМ е опасен играч и почна агресивно против Левица. Не им се плашиме воопшто – додаде Апасиев во емисијата „Само интервју“.