БУРЕН „ЕВРОПРАЈД“ ВО БЕЛГРАД (ФОТО) Повредени демонстранти и полицајци, уапсени хулигани

Имавме само два инцидента. Тоа беше конфликт со одредени групи во Славија, и конфликт со одредени групи во паркот Караѓорѓе. Припадниците на Министерството за внатрешни работи реагираа и го решија проблемот, обезбедувајќи инцидентите да не се шират понатаму - истакна Брнабиќ.

831

Повеќе од пет учесници на денешниот настан во рамките на „Европрајд“ во Белград биле нападнати од хулигани и други насилни групи при враќање од настанот, соопштија организаторите на „Европрајд“. На белградските улици денеска биле ангажирани околу 5.200 припадници на Министерството за внатрешни работи, а уапсени се 64 лица, соопшти на вонредна прес-конференција премиерката Ана Брнабиќ.






Српската премиерка Брнабиќ изјави дека целиот ден поминал релативно мирно, и дека е особено горда на тоа.

– Имавме само два инцидента. Тоа беше конфликт со одредени групи во Славија, и конфликт со одредени групи во паркот Караѓорѓе. Припадниците на Министерството за внатрешни работи реагираа и го решија проблемот, обезбедувајќи инцидентите да не се шират понатаму – истакна таа.

Таа им се заблагодари на припадниците на полицијата за, како што рече, успешната работа.

– Она што го разубавува имиџот на Белград и Србија е тоа што досега се случија многу настани во рамките на Европрајд, а не се случи ниту еден поголем инцидент. Тоа доволно зборува за нашите граѓани. За мене тоа е вистинската слика за Белград и Србија, и јас вечерва гордо Покажавме дека сме сериозна земја која ги почитува своите институции, но и правата на сите граѓани – нагласи премиерката Брнабиќ.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека се повредени 13 припадници на МВР.

Европрајд“ ги повикува полицијата и другите надлежни органи итно да ги пронајдат и казнат сторителите, да ги утврдат сите околности и да го исполнат ветувањето дека безбедноста на сите учесници ќе биде загарантирана.

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Организаторите ги повикаа и сите што претрпеле насилство при излегувањето од прошетката или во кое било друго време во текот на „Европрајд“ да пријават до надлежните органи или да пријават кај организаторите.

Во саботата полицијата приведе повеќе од 30 демонстранти против геј-парадата во главниот град на Србија. Демонстрантите излегоа на улиците откако белградскиот Европрајд 2022, закажан за 17 септември, беше забранет од Министерството за внатрешни работи. Организаторите на настанот, сепак, рекоа дека српската премиерка Ана Брнабиќ ги информирала дека маршот може да се одржи, но во форма на протест.

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претходно претставници на ЕУ и разни организации за заштита на човековите права го повикаа српскиот претседател Александар Вучиќ да дозволи одржување на маршот. Српскиот лидер, сепак, рече дека полицијата нема да може да се справи со евентуалните нарушувања во позадината на енергетската криза и другите проблеми во земјата.

Европрајд“ е европски меѓународен настан кој трае околу две недели што се одржува секоја година во различни европски градови. Во 2022 година Белград беше избран за домаќин.

Концертот во организација на ,,Европрајд” на Ташмајдан и формално заврши со предавање на штафетата на Малта, како следен организатор на овој настан.

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
Поврзани содржини