СЕРИЈАТА ЗА КРАЛИЦАТА НА ПАУЗА Режисерот на „Круна“ бара тишина и почит

„Круна“ е љубовно писмо до неа и немам што да кажам повеќе во овој миг. Само тишина и почит. Очекувам и дека, од почит, ќе престанеме да снимаме некое време, објави Морган откако Бакингемската палата извести за смртта на кралицата.

291

Познатата ТВ-серија на Нетфликс – „Круна“ (The Crown), веројатно, ќе направи пауза од снимањето на својата 6 сезона, како знак на почит кон починатата британска кралица Елизабета Втора, објавија британските медиуми.

Серијата-драма на авторот Питер Морган се заснова на животот, владеењето и наследството на 96-годишната кралица која 70 години ѝ служеше на Велика Британија, како монарх со најдолга власт во историјата. Елизабета Втора почина вчера во својот замок Балморал во Шкотска.






– „Круна“ е љубовно писмо до неа и немам што да кажам повеќе во овој миг. Само тишина и почит. Очекувам и дека, од почит, ќе престанеме да снимаме некое време – објави Морган откако Бакингемската палата извести за смртта на кралицата.

Претстојната, 5 сезона од серијата треба да биде достапна на Нетфликс во ноември, според Семрежната филмска база на податоци – ИМДБ.

Поврзани содржини