НОЗЕТЕ МУ СЕ ГРЧЕА ПРЕД УЧЕНИЦИТЕ Видеото од Путин во Калининград ги врати сомнежите за неговото здравје
Путин се виткаше во столчето и изгледаше немирно додека со едната рака го фаќаше задниот дел, а со другата цврсто се држеше за микрофонот. Чудно е и што тој претходно наредил секое од децата со високи достигнувања да биде ставено во карантин две недели пред средбата во Калининград.
За време на посетата на Калинград, Путин на денот на почетокот на учебната година одржал средба со учениците, при што било забележано неговото чудно „грчење на нозете“, пренесува Дејли Мејл. Ова може да се види на снимката од средбата. Грчењето се случувало баш кога лидерот има објаснувал на децата зошто Русија е во војна со Украина.
Why is Putin twirling his feet like a 5 year-old? https://t.co/GGXe1MHLDK
— Ivar Dale (@IvarDale) September 2, 2022
Путин се виткаше во столчето и изгледаше немирно додека со едната рака го фаќаше задниот дел, а со другата цврсто се држеше за микрофонот. Чудно е и што тој претходно наредил секое од децата со високи достигнувања да биде ставено во карантин две недели пред средбата во Калининград.
Во Русија веќе подолго време кружат прашања за здравјето на Путин, а некои сугерираат дека тој има рак или Паркинсонова болест. Претходно, на средба со Александар Лукашенко во мај, лидерот на Кремљ беше виден како ја врти ногата како да нема целосна контрола врз екстремитетите.
Путин ја започна својата посета со средба со учениците на денот на почетокот на учебната година, на која одговараше на прашања од областа на економијата, за вселенската програма па сѐ до офанзивата на Москва во Украина, а снимката беше емитувана во живо на Руската телевизија.