КОРИ, СИРЕЊЕ, БУРЕК И АЈВАР НА НАЈГОЛЕМИОТ СОБИР НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ХРАНА Балканците ќе ги претстават најпознатите традиционални производи во Торино

Пазарот на Тера Мадре Салон дел Густо ќе биде домаќин на неколку штандови со произведувачи од регионот. Слоу Фуд Македонија ќе присуствува со своја кујна и ќе одржува дегустации и презентации благодарение на придонесот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

244

Четиринаесеттото издание на Тера Мадре Салоне дел Густо ќе се одржи во Торино, како и секогаш, во истиот термин, од 22 до 26 септември, а ќе се фокусира на регенерацијата.

Тера Мадре беше лансиран во 2004 година како глобален собир на производители на храна од целиот свет и стана средство за развој и примена на филозофијата на Слоу Фуд ширум светот и е жив пример за тоа како храната може да биде мост до мирот. Ова покажува како, преку вклучување и размена, можеме да негуваме подобра иднина заедно. Најголемиот и најважниот меѓународен настан посветен на политиката за храна, одржливото земјоделство и животната средина е организиран од Слоу Фуд, регионот Пиемонт и градот Торино.






Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини