ПРАВИМЕ ОД ДЕЦАТА БИОЛОШКИ ИНВАЛИДИ Кои се најголемите грешки што ги прават родителите, а му штетат на детскиот развој
„Ако треба да изберам само една – најголемата грешка е дефинитивно прекумерната заштита. Не им дозволуваме да го развијат својот биолошки потенцијал, па се случува во училиште да не можат да пишуваат, да седат, да скокнат наназад… Децата имаат сѐ повеќе пречки во развојот, а за тоа најзаслужни се родителите“, вели др. Рајовиќ.
Според српскиот лекар Ранко Рајовиќ, лекар, невроендокринолог, основач на „Никола Тесла центар (НТЦ) – отсек за млади таленти“, кој ги постави темелите на НТЦ системот за креативно учење, родителите грешат уште од самото раѓање, поради што има сè повеќе деца со пречки во развојот, а најмногу ја обвинува преголемата заштита на најмалите.
Според него, НТЦ најлесно се опишува како примена на медицината во педагогијата. Тоа е систем за учење насочен кон развивање на когнитивните способности кај децата. Мислењето на Рајовиќ е дека развојот започнува од утробата, а родителите најголемите грешки ги прават веќе во првите неколку месеци од животот.
„Ние ги правиме децата биолошки инвалиди. Ако треба да изберам само една – најголемата грешка е дефинитивно прекумерната заштита. Не им дозволуваме да го развијат својот биолошки потенцијал, па се случува во училиште да не можат да пишуваат, да седат, да скокнат наназад… Децата имаат се повеќе пречки во развојот, а за тоа најзаслужни се родителите“, вели др. Рајовиќ.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.