АНЏЕЛИНА ДОСТАВИ ФОТКИ ОД МОДРИЦИТЕ КОИ Ѝ ГИ ЗАДАЛ ПИТ „Мама не е добро, таа го уништува ова семејство“
Додека биле во бањата, едно од нивните деца наводно дошло до вратата и ја прашало мајка си дали е добро, на што Пит рекол, „Не, мама не е добро. Таа го уништува ова семејство, таа е луда“.
Познатата глумица Анџелина Џоли до ФБИ доставила фотографии на кои се гледаат модринки на нејзиното тело кои ги добила за време на тепачката со Бред Пит во 2016 година. Пит наводно ја однел Џоли во тоалетот на авионот, ја фатил за раменици и ја тресел додека викал:
– Нека се носи оваа породица!
Photos of Angelina Jolie’s alleged bruises from Brad Pitt during horror flight revealed https://t.co/nFIV9ZAtgU pic.twitter.com/6zizQcUxmy
— Page Six (@PageSix) August 18, 2022
Додека биле во бањата, едно од нивните деца наводно дошло до вратата и ја прашало мајка им дали е добро, на што Пит рекол:
– Не, мама не е добро. Таа го уништува ова семејство, таа е луда.
На почетокот на овој месец, Анџелина беше именувана како „Џејн До“ која го тужеше ФБИ откако истрагата против нејзиниот поранешен сопруг беше затворена. Во тужбата се наведува дека од ФБИ се бара да објави информации поврзани со истрагата по тврдењата на Анџелина дека Пит физички ги нападнал неа и нивните деца на споменатиот лет.
Пит ги отфрли сите обвинувања што Џоли ги изнела против него.