КИНЕЗИТЕ ВО ПАНИКА ТЕСТИРААТ РИБИ НА КОВИД-19 Да се проверат и рибарите (ВИДЕО)

Во мај, официјалните медиуми дистрибуираа снимка од нилски коњ кој се тестира во паркот за диви животни во Хужоу, источен Жеџијанг, велејќи дека е „неопходно“ суштеството да се тестира двапати неделно.

149

Снимки од ковид-тестови извршени врз риби и ракови во крајбрежното кинеско гратче Ксиамен, станаа хит на социјалните мрежи. Поради 40 случаи кај луѓе на коронавирусот, властите наредиле тестирање не само на риби, туку и на други морски животни, пишува Би-Би-Си. Неколку недели претходно, окружниот комитет за контрола на поморската пандемија соопштил дека „мора да се тестираат и рибарите и нивниот улов“.

Иако изгледа необично, ова не е првпат живи риби да бидат тестирани за ковид-19. Во јужната кинеска провинција Хаинан, крајбрежен регион како Ксиамен, има регистрирано повеќе од 10.000 случаи на ковид-19 од почетокот на август, а властите рекоа дека веруваат дека оваа појава најверојатно е поврзана со рибарската заедница.

 






Кинеските медиуми долго време изразуваат загриженост дека морскиот живот може да има врски со коронавирусот. За потсетување, првата појава на ковид-19 беше поврзана со пазар на живи животни и морска храна во градот Вухан во централна Кина.

Иако е малку веројатно дека морската храна е домаќин на вирусот, многу од епидемиите во Кина се поврзани со пристанишните работници, оние кои ракуваат со стоки или работниците на пазарите со морска храна. Во јуни 2020 година, една таква епидемија во Пекинг предизвика паника од лосос, па беше сопрен увозот.

Рибите не се единствените животни кои биле подложени на тестирање за ковид-19 за време на обидот на Кина кон бришење на вирусот во последните две години.

Во мај, официјалните медиуми дистрибуираа снимка од нилски коњ кој се тестира во паркот за диви животни во Хужоу, источен Жеџијанг, велејќи дека е „неопходно“ суштеството да се тестира двапати неделно. Подоле може да видите како тоа изгледа.

 

Поврзани содржини