АЈВАРОТ КАКО КАВИЈАР Нема да ви се верува колку ќе чини тегла ајвар кај малите производители!

Најниската цена на ајварот во маркетите во моментов е 139 денари, но го има и за 250 и 395 денари за голема тегла. Наскоро тоа ќе биде - минато свршено време.

3,464

Најдобро е да не се мачите да правите ајвар годинава, бидејќи тој ќе ве чини повеќе од најевтиниот, кој во моментов го има во маркетите.

Пресметките, според актуелните цени на пиперот, на модриот патлиџан и на маслото, покажуваат дека за една тегла ајвар ќе ве чини 138 денари. Но, тука не е пресметана цената на дрвото, гасот или струјата што ќе ги потрошите, по нивните повисоки цени од лани, ниту пак е пресметана работната рака и времето што ќе го потрошите за негова изработка.






Најниската цена на ајварот во маркетите во моментов е е 139 денари, но го има и за 250 и 395 денари за голема тегла.

Сепак, ако не ѝ верувате на конзервната индустрија, подгответе се да издвоите повеќе пари од лани од буџетот, за да го направите ајварот според вашиот рецепт и вкус. Ако имате среќа, пиперките можеби и ќе поевтинат во екот на подготовката на ајварот, што е малку веројатно.

ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ АЈВАРОТ АКО САМИ ГО ПРИГОТВИТЕ

Грубите пресметки, според основниот рецепт за ајвар, според моменталните цени, се овие:

10 кг црвени пиперки  – 1 кг 45 денари – 450 денари
3 големи патлиџани  – 1 парче 55 денари –   165 денари
500 милилитри масло – 1 литар 155 денари  –  75 денари
1 голема лажица шеќер                                –
Сол (по вкус)                                                   –
Вкупно –  690 денари

Од оваа количина се произведуваат 5 тегли ајвар, што значи дека само со основните артикли 1 тегла чини 138 денари. Некои домаќинки додаваат и црвен домат, за да се зголеми количеството (1,5 килограми на 1 килограм пипер), па со сето тоа крајниот производ станува уште поскап.
Ако на ова се додаде и работната рака и новите цени на потрошеното дрво, гас или струја, пресметките се далеку повисоки и се движат некаде околу 400 денари за 1 тегла. Тоа е приближно исто со најскапиот ајвар што во моментов може да се најде во маркетите.

Ваква цена предвидуваат да стават на теглите со ајвар и малите производители кои го нудат на тезгите на зелените пазари.

– Се е поскапено, пиперот, посебно зејтинот, па и дрвото и струјата, кои најчесто ги користам за производство. Тука треба да го пресметам и мојот труд и да имам некаков приход. Мислам дека ако се задржат овие цени, тегла ајвар  ќе треба да продавам по 400 денари – вели жена која веќе договара пласман на ајвар по пазарите.

Големите производителите на ајвар велат дека цената е веќе зголемена за околу 40 отсто и таа ќе се задржи.

– Веќе имаме зголемување на цените на конзервираните производи за 30 до 40 отсто и очекуваме дека и за новата зимница цените ќе бидат исти како овие коишто веќе се повисоки – велат од Групацијата на конзервна индустрија.

Дали на овие цени ќе остане зависи од натамошниот тек на кризата со енергенсите.

Годишно во земјава се произведуваат над 50.000 тони ајварка. Најголем дел завршува на домашниот пазар, но се извезува во Хрватска, Полска, Германија, Романија…

Земјоделците велат дека секоја година се намалуваат површини од оваа култура, бидејќи земјоделството станува неисплатливо со високите цени на горивото, ѓубривата и другиот материјал, а со градинарство се занимаваат само земјоделци постари од 55 години. Откупната цена, како и за другите градинарски култури, е ниска, па земјоделците немаат интерес да го произведуваат пиперот.

Моменталната откупна цена се движи од 15 до 30 денари за еден килограм, но на зелените пазари цената е 40  и 45 денари за килограм.

Поврзани содржини