9-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ КРОИ, ШИЕ И ГИ НОСИ СВОИТЕ КРЕАЦИИ Талентот на девојчето го препознала и Вера Вонг

Деветгодишна ученичка од американската држава Колорадо ја споделува со своите следбеници на Инстаграм својата сѐ поголема колекција позирајќи во секој модел, од гламурозни фустани до спортска облека.

181

Додека на некои луѓе им требаат многу години за да го откријат својот повик во животот, други ја наоѓаат својата страст уште на рана возраст. Таков е случајот со деветгодишната ученичка од Колорадо, САД, Каја Арагон. Нејзините модни креации, кои сама ги крои и ги шие, го воодушевиле интернетот, вклучувајќи ја и познатата модна дизајнерка Вера Вонг, која ѝ подарила машина за шиење. Каја сама шие облека од ноември минатата година и планира еден ден да стане модна дизајнерка.

Таа ја споделува со своите следбеници на Инстаграм својата сѐ поголема колекција позирајќи во секој модел, од гламурозни фустани до спортска облека.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини