ЗДРАВИ БУРГЕРИ, ОРИГИНАЛ МАКЕДОНСКИ Браќа од Охрид прават ‘ршум со вкусни сендвичи со локални состојки

Двајца сложни браќа во нивниот киоск во охридската чаршија, пред 4 години ја почнале својата иновативна приказна, сега позната како Burger Station. Таму ги подготвуваат најиновативните бургери кои се сѐ само не она што би им го забраниле на своите деца како брза и нездрава храна. Напротив.

2,687

Двајца браќа од Охрид, Бојан и Филип Стојковски, во нивниот киоск во охридската чаршија пред 4 години ја почнале својата приказна која најпрвин ја замислувале како класична сендвичара, веќе видена сигурна бизнис приказна во која ќе продаваат бургери како и во многу други места кај нас и во светот. Но во меѓувреме, на задоволство на сите, отишле во сосема друга насока и сега, под брендот познат како Burger Station подготвуваат бургери кои се сѐ само не она што би им го забраниле на своите деца како брза и нездрава храна. Напротив.

Нивните бургери се олицетворение на онаа улична гастрономска сцена која во светот, а еве сега и кај нас, е препознаена како сцена на која ќе најдете вкусна храна направена со посебно внимание, од најквалитетни состојки, а во нивниот случај, некои од нив и исклучиво наши, традиционални и непознати за остатокот од светот. На пример, оригинален македонски бургер кој е направен со ајвар, кисели краставички, овчо сирење и макало од лук кој иако звучи како луда и неспоива комбинација, всушност е одлична бургер варијанта.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини