ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ? Не, има пилотка, а нејзиното име е Стефанија Димеска
„Посакав да станам пилотка уште како мал со моето прво одење на аеродром, кога првпат ги видов авионите и имав можност да се возам. Иако почнав да се школувам во друга бранша, таа желба која сега ми е реалност цело време беше тука некаде“, раскажува 29-годишната Стефанија Димеска за својот пат од детските мечти до нивното остварување.
Прилепчанката Стефанија Димеска ја запознавме на првата глобална женска лидерска конференција „Јас Сум Жена“, а темата на која беше повикана да зборува беа кариерните стереотипи со кои се соочуваат жените.
Имено, Стефанија е пилотка. Да, да, добро прочитавте, може да се случи наскоро кога ќе патувате некаде со авион и ќе ви се обрати капетанот на авионот, тоа да биде токму таа.
Зборувајќи за кариерните стереотипи Стефанија признава дека имало моменти кога била потценувана токму заради својот пол, како и моменти кога почувствувала дека ѝ попуштаат во некој поглед бидејќи е женско.
„Имало моменти кога се сомневале дали сум доволно способна да го работам ова, но на крајот од денот јас со мојата посветеност и работа докажувам дека сум и тоа како способна и дека го можам истото како и секој друг“, децидна е Стефанија која смета дека ако сме способни за она што сакаме да го работиме, полот воопшто не е важен.
Целата приказна за Стефанија прочитајте ја на порталот „Мајка и дете“.