АКО ВИ Е ЛАДНО ЌЕ ВИ ДАДЕМЕ КАПУТ Ледено кафуле во Прага служи коктели на -7 степени
Пабот кој е на само една минута пешачење од познатиот Карлов мост, служи коктели на база на вотка во чаши направени од мраз.
Леденото кафуле „Ајс паб“ во центарот на чешкиот главен град Прага нуди кусо бегство, од горештините, во „арктички услови“ за престој.
Пабот кој е на само една минута пешачење од познатиот Карлов мост, служи коктели на база на вотка во чаши направени од мраз… А, и мебелот и украсите исто така се направени од мраз.
Температурата внатре е околу -7 Целзиусови степени, па на посетителите им се нудат и капути и ракавици, а посетите се ограничени на помалку од половина час.
Тука се служело и пиво, но тоа престанало бидејќи славината за точење, постојано мрзнела.