КАКО ДА НАПРАВИТЕ ВЕГАНСКО СИРЕЊЕ Главна состојка за овој безмлечен производ се овесните снегулки
Најдовме рецепт како на најлесен начин да направите сами веганско сирење. Се разбира, без млеко, од евтини и здрави состојки
Кога постите или избирате вегански начин на исхрана и избегнувате храна од животинско потекло, не мора да се откажувате од вкусот на сирењето.
Сигурно сте пробале разни сирења купени од продавница, но ние најдовме рецепт за да си го направите сами, во домашни услови и со достапни состојки.
Ова е една здрава и евтина варијанта која е истовремено и вкусна, за разлика од повеќето. Главната состојка се овесните снегулки! Направете домашна верзија на посно сирење и употребете го како мезе или со макарони, како додаток на пица, во салати, дури и како намаз.
Рецептот и видеото од подготовката побарајте ги на порталот „Арт кујна“.