НА ФРОНТОТ ВО УКРАИНА ЗАГИНАЛЕ 24 ПЛАТЕНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА Во моментов против Русија војуваат 36 Македонци

Од почетокот на инвазијата во Украина, на боиштето заминале 79 лица од Македонија или со македонско државјанство, од кои 24 загинале.

1,041

Руската амбасада во Македонија во текот на денот објави информации од руското Министерство за одбрана со билансот од странски платеници, кои според нив, во моментов се борат на фронтот на украинска страна.

Според овие податоци, од почетокот на инвазијата во Украина, заминале 79 лица од Македонија или со македонско државјанство, од кои 24 загинале. Во билансот стои и дека 19 македонски платеници досега ја напуштиле Украина, а 36 остануваат да војуваат.






„Министерството ги следи и ги регистрира по име сите странски платеници кои пристигнале во Украина за да учествуваат во воените дејствија. Според меѓународното хуманитарно право, странските платеници се комбатанти и најдоброто што ги чека доколку бидат фатени живи е судење и максимална затворска казна“, се вели во објавата на Руската амбасада.

Поврзани содржини