УКРАИНСКОТО ЖИТО НЕ МОЖЕ ДА ПАТУВА ПО СТАРИ ЖЕЛЕЗНИЦИ Романија и Полска ќе мора да ги модернизираат своите вагони
Германската Влада соработува со „многу други актери“ на модернизација на железниците оти се потребни „вистински товарни вагони“, вели шефицата на германската дипломатија. Според нејзе, успех ќе биде ако Европа успее да извлече и мал дел од украинското жито.
Германија ги поддржува Полска и Романија во адаптирањето на нивните железници со цел да се овозможи извоз на милиони тони жито заглавени во Украина поради руската морска блокада, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок.
Таа додаде дека германската Влада соработува со „многу други актери“ на модернизација на железниците, како и оти се потребни „вистински товарни вагони“.
– Јасно е дека, на крајот, сигурно нема да можеме да го извлечеме целото жито, но ако дури и успееме да ослободиме дел од него, по различни рути, тоа ќе ни помогне да се соочиме со овој глобален предизвик – наведе Баербок