ТРЕТО МЕСТО ВО ЕВРОПСКАТА СРЕБРЕНА ЛИГА Македонските одбојкари подобри од Унгарија
Во првиот сет беше забележана голема борба меѓу одбојкарите на двете репрезентации, но сепак во завршницата подобри беа Македонците со 25-22.
Најдобрите одбојкари на Македонија триумфираа против Унгарија со 3-2 во сетови, односно 25-22, 18-25, 25-15, 19-25 и 15-7, а тоа беше доволно за да го освојат третото место во Европската сребрена лига.
Во првиот сет беше забележана голема борба меѓу одбојкарите на двете репрезентации, но сепак во завршницата подобри беа Македонците со 25-22.
Унгарија доминираше во вториот сет и не ѝ дозволи на Македонија во ниту еден момент да го преземе водството, па го доби сетот со 25-18, додека нашите одбојкари во следниот сет вратија со иста мера (25-15).
Одбојкарите ни понудија возбудлив четврти сет во кој Македонија имаше водство само при 4-3, по што Унгарија ја презема контролата и го доби сетот со 25-19, додека во последниот сет Македонија беше одлична и го доби со убедливи 15-7.