СКОПЈАНИ ПОД ПОСЕБЕН РЕЖИМ Утре и задутре сообраќајот ќе се одвива под отежнати околности
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.
На 20.06. и 21.06.2022 (понеделник и вторник) во официјална посета на Република Македонија ќе пристигне премиерката на Република Финска, Сана Марин.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.