МАКЕДОНСКИ ШЕФ СО СВЕТСКО ИСКУСТВО ГИ СОВЕТУВА ГАЗДИТЕ Намалете ги менијата, ќе се намалат и трошоците
Под итно скратете ги вашите менија и наместо досегашните 50 и кусур ставки на менито сведете ги на минимум. Така ќе ги намалите и трошоците и отпадот од храна, а ќе го подобрите квалитетот, советува шеф Виктор Настески
Македонскиот шеф Виктор Настески кој веќе со години работи на брод, периодов е во Македонија, ужива со семејството и очигледно, се обидува да го сподели своето искуство од долгогодишната работа и да им помогне на домашните угостители да опстанат во ова време на економска криза и недостаток на квалификуван кадар, особено готвачи кои во летниот период масовно заминуваат на работа во Хрватска.
Можеби е постот малку долг но вреди да се прочита, а посебно е корисен за нашите угостители, пишува Виктор на својот профил на Фејсбук.
Неговите совети се однесуваат на тоа што смета тој дека може да им помогне на газдите, менаџерите и шефовите на кујна во угостителските објекти за да опстанат во оваа криза и при недостаток на квалитетни угостители, претежно готвачи.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.