Ајде сега, пак фалете го сарказмот на Рама, будали едни!

„Ако ништо не се случи во јуни, ќе сакаме да се разделиме од овој пар кој е изгубен во преводот“, рекол Рама за Македонија и за Бугарија. Ајде сега, рамољупци, да слушнеме нови пофалби за „генијалецот“ од Тирана.

7,034

Се изначитав пофалби за „генијалниот“ сарказам и за „духовитоста“ на албанскиот премиер Еди Рама.

И останав осамен со мојот впечаток дека станува збор за обично глупирање на еден арогантен и агресивен балкански политик.






Боже, боже, боже… Колку бил паметен тој Рама, колку ја сакал Македонија и колку принципиелно ја критикувал Бугарија!

Дури и тогаш кога на Кејот во Скопје пред камерите буквално ги заебаваше Зоран Заев и Петре Шилегов.

Па и тогаш кога при првата појава на кандидатот за премиер Димитар Ковачевски покажа со прстот кон него и рече – Монтенегро.

Алузијата беше јасна, ама… То су оне Едијеве шале, што би рекол Вучиќ.

А најмногу Рама ги освои нашите „проевропски“ срцуленциња кога Ковачевски на Шолц му го претстави како „идниот премиер на Западна Бугарија“.

По, по, по… Каква бравурозна шега, каква критика на бугарското вето, извикуваа рамољупците во оргазмички занес!

Е па еве, драги мои, имате нова можност да го пофалите Еди Рама.

Тој само што потврдил дека ако нема напредок овој месец, ќе побарал кандидатурата за членство на Албанија да се разгледува одвоено од онаа на Северна Македонија.

„Ако ништо не се случи во јуни, ќе сакаме да се разделиме од овој пар кој е изгубен во преводот“, рекол Рама.

„Изгубени во преводот“ сме ние и Бугарите, јасно.

Ајде сега, драги мои „изгубени во преводот“, сите на глас да ја фалите новата бравура на „генијалецот“ Еди Рама.

По, по, по…

Будали едни!

ПС. Патем речено, јас ја поддржувам идејата на Рама Албанија да се одвои од Македонија и сама да си оди по патот кон Европската Унија. Одамна сум се изјаснил за таа работа.

Поврзани содржини