ПИЕТЕ МНОГУ КАФЕ? Научниците конечно го имаат одговорот колку шолјички смеете да пиете, дури и ако имате висок притисок

Иако е раширено верувањето дека кафето го зголемува крвниот притисок, не постои истражување кое ќе потврди дека е тоа вистина.

2,579

Експертите од Германската фондација за срце велат дека можете без страв да пиете најмалку четири шолји кафе дневно, дури и ако страдате од висок крвен притисок. Тие истакнуваат дека не постојат научни докази дека кофеинот е лош за хипертензија.

Кафето може накратко да го подигне крвниот притисок бидејќи кофеинот го стимулира кардиоваскуларниот систем и ги забрзува отчукувањата на срцето, но тоа најчесто се случува доколку не сте навикнати на кофеин.






Покачувањето на крвниот притисок е помало кај луѓето кои редовно пијат кафе. До тој ефект доаѓа по редовно пиење кафе во текот на една до две недели, се вели во соопштението на Германската фондација за срце.

Повеќе за ова на порталот на „Арт кујна“.

Поврзани содржини