ОВАА ДРЖАВА Е НАЈГОЛЕМИОТ ГУБИТНИК НА ЕВРОВИЗИЈА Најмногу пати била на дното на табелата (ФОТО)
Логично е дека никој не сака да биде на последното место, а Норвешка успеала да ја заземе таа позиција дури 11 пати.
Иако најчесто се паметат победниците на Евровизија, во историјата на ова натпреварување една земја е означена како најголем губитник.
Логично е дека никој не сака да биде на последното место, а Норвешка успеала да ја заземе таа позиција дури 11 пати.
Оваа земја е на дното на табелата во 1963, 1969, 1974, 1976, 1978, 1981, 1990, 1997, 2001, 2004 и 2012 година, а ако се земе предвид дека досега се одржале 64 натпревари за песна на Евровизија, станува јасно дека на петтина натпреварувања Норвешка била последна.
Сепак, Норвешка не била само најлоша на натпреварите, туку во три наврати дури и победила. Во прашање се 1985, 1995 и 2009 година.
Норвешка оваа година ја претставуваше групата „Сабвулфер“ и го освоија 10-тото место.
Нивната песна „Give That Wolf a Banana“ се најде во топ 10 на обложувалниците на „Евровизија“.
Членовите на групата, инаку, никогаш не ги симнуваат маските, па на секое јавно појавување во Торино ги имаа истите, како и во хотелите, при секое излегување од собите.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм