САМО РАЗГОВОРИ, БЕЗ ПОТПИСИ Бугарска делегација доаѓа на 22 мај

Средбата сѐ уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно, рекол Петков.

648

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека разговорите меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија продoлжуваат, но ги отфрла тврдењата дека ќе биде потпишан конкретен договор во тек на посетата на бугарската делегација на Северна Македонија на 22 мај, објави БГНЕС.

Тој, исто така, уверува дека продолжуваат разговорите меѓу двете влади.






– Средбата сѐ уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно – рекол Петков.

Поврзани содржини