МОЖЕМЕ ДА ГО УНИШТИМЕ НАТО ЗА ПОЛОВИНА ЧАС Се закани поранешниот вицепремиер кој во младоста правел наци-поздрави (ФОТО)

Во нуклеарна војна, земјите на НАТО ќе бидат уништени од нас за половина час. Но не смееме да го дозволиме тоа, бидејќи последиците од размената на нуклеарни напади ќе влијаат на состојбата на нашата Земја, напишал Рогозин иако во 2013 година, го тврдел токму спротивното.

1,251

„Бели луѓе од сите земји, обединете се“.

Вака пишува на транспарентот кој го држат група на млади луѓе правејќи „Хајл Хитлер“ пред камерата. Меѓу нив е и Дмитриј Рогозин, човекот што години подоцна ќе стане вицепремиер на Русија, а денес шеф на вселенската агенција „Роскомос“.






Откако почна војната во Украина, Рогозин е познат по своите закани на социјалните мрежи.

„Во нуклеарна војна, земјите на НАТО ќе бидат уништени од нас за половина час. Но, не смееме да го дозволиме тоа, бидејќи последиците од размената на нуклеарни напади ќе влијаат на состојбата на нашата Земја. Затоа, ќе мораме да го победиме овој економски и воено помоќен непријател со конвенционални вооружени средства“, напишал Рогозин.

 

Сепак, тој во 2013 година не мислел исто како сега. Тогаш Рогозин на Телеграм го напишал сосем спротивното:

„Во случај на војна, САД се подготвени да уништат 80 до 90 отсто од рускиот нуклеарен стратегиски потенцијал во првите часови од конфронтацијата“.

 

Контроверзниот шеф на Роскосмос му се закануваше и на својот сопарник, Илон Маск, сопственикот на компанијата СпејсИкс, поради тоа што Маск ѝ да бесплатен сателитски интернет на Украина во војната. Ова предизвика и самиот Маск да ги објави заканите на Твитер.

 

 

 

Поврзани содржини