НИКОЈ НЕ САКА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА Кина одговори на тврдењата на Русија
Треба да размислиме за тоа дека вителот на геополитичките конфликти повторно се зголеми во Европа, повеќе од 30 години по крајот на Студената војна, рече кинескиот министер за надворешни работи.
„Никој не сака да види избувнување на трета светска војна“.
Вака му одговори шефот на кинеската дипломатија, Ванг Вебин, на Сергеј Лавров по неговите денешни изјави дека „ннуклеарната војна е неприфатлива, но ризиците се големи“. Ванг се надева дека „мирот ќе се одржи“ и дека двете страни во војната „ќе бидат воздржани“.
– Треба да размислиме за тоа дека вителот на геополитичките конфликти повторно се зголеми во Европа, повеќе од 30 години по крајот на Студената војна – рече Ванг.