ЛЕСКОВАЧКА БАЈКА „Си беше еднаш во Србија“ премиерно во кината (ТРЕЈЛЕР)
Премиерата ќе се одржи на 2 мај во киното „Синеплекс“ и ќе продолжи на редовниот репертоар од 5 мај во сите кина низ земјата.
Филмот „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Патар Ристовски и авторот и продуцент Звонко Шимунец, е приказна за Лесковац – „српскиот Манчестер“, кој станува дел од Европа помеѓу двете светски војни. Филмот зборува за вистинските вредности, пријателствата кои опстојуваат и за искрената љубов. За две големи љубовни приказни и подготвеноста да се поднесе жртва во име на соништата.
По талкањето низ светот, во 1922 година, двајцата пријатели Дине и Цоне се враќаат во родниот крај, малиот град на југот на Србија. При пристигнувањето во запуштениот Лесковац, Дине го затекнува своето руинирано кино, а Цоне сопствениот погреб! По војната, Дине (Немања Оливериќ) по некое чудо ќе се најде во Париз каде што учи за убавините на животот во голема метропола, ги запознава убавите парижанки и го открива новиот медиум – филмот. Цоне (Виктор Савиќ) по ранувањето и амнезијата завршува во Манчестер, тогашната престолнина на индустрискиот развој, каде што ќе научи дека само низ црниот фабрички чад и напорната работа се стасува до успех.
Галеријата блескави филмски ликови ги толкуваат најпопуларните српски актери: Виктор Савиќ, Слобода Миќаловиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Радован Вујовиќ, Немања Оливериќ, Теодора Ристовски и други.
Премиерата ќе се одржи на 2 мај во киното „Синеплекс“ и ќе продолжи на редовниот репертоар од 5 мај во сите кина низ земјата.