ВИНОСКОП СЕ ВРАЌА НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД Вино, храна, музика, уметност…
Од 4 до 8 мај на скопскиот плоштад се враќа манифестацијата Виноскоп, најдобрите вина, традиционална храна, базар за ракотворби, арт-перформанс и секако, многу изведувачи, наша музика и уште многу изненадувања
Годинава, од 4 до 8 мај на плоштадот Македонија се враќа манифестацијата Виноскоп на која организаторите најавуваат многу богата програма, храна, музика, уметност и се разбира, најдобрите вина.
„Оваа година заедно со пријателите од Wines of Macedonia, од 4-8 мај на Плоштадот Македонија ќе шизиме и ќе уживаме со хитовите на Игор Џамбазов, Фолтин, Last Expedition, DNK Unplugged, Фиц Студени Нозе, Суперхикс, Мики Јовановски – Џафер, DJ Goce SAF, ЗЏМ Биг Бенд… “, најавуваат организаторите на настанот.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.