НАСА ИСПРАТИ ХОЛОГРАМ ВО ВСЕЛЕНСКАТА СТАНИЦА Доктор Јозеф Шмит ќе биде виртуелниот бродски хирург

За разлика од традиционалните холографски проекции кои изгледаат како да лебдат во воздухот за некој да ги види, холопортацијата бара употреба на слушалки за виртуелна реалност како што е технологијата ХолоЛенс на Мајкрософт. Додека астронаутот ги носи холо-очилата, доктор Шмит од земјата ќе биде сниман со неколку камери и емитуван во виртуелната реалност.

822

За првпат во историјата холограмска слика од хирург беше „холопортиран“ во Меѓународната вселенска станица (МВС), појавувајќи се и разговарајќи како да е вистински, а не виртуелно присутен, таму горе, на стотици километри над површината на Земјата, пишува НаученАларм.

Да, исто како бродот „Војаџер“ од „Ѕвездените патеки“ кој имаше свој доктор, така и доктор Јозеф Шмит ќе му помага на екипажот. Благодарение на технологијата за холопортација на Мајкрософт негови снимки сега им се достапни на астронаутите за со нив да комуницираат.






За разлика од традиционалните холографски проекции кои изгледаат како да лебдат во воздухот за некој да ги види, холопортацијата бара употреба на слушалки за виртуелна реалност како што е технологијата ХолоЛенс на Мајкрософт. Додека астронаутот ги носи холо-очилата, доктор Шмит од земјата ќе биде сниман со неколку камери и емитуван во виртуелната реалност.

– Замислете дека можете да го доведете најдобриот инструктор или вистинскиот дизајнер на некоја сложена технологија веднаш покрај вас каде и да работите на тоа – вели д-р Шмит за холограмите.

Прв кој зборуваше со д-р Шмит преку холо-очилата беше францускиот астронаут Томас Песк. Во разговорот се вклучија и други членови на медицинскиот тим на докторот.

Поврзани содржини