НАСТАВНИЧКАТА СО ДОКУМЕНТ ГО ДЕМАНТИРА ДИРЕКТОРОТ Децата со ментална ретардација не можат да се борат за подобри услови за живот во заводот

Грета Парлиќ која обвини дека во заводот за рехабилитација на деца и млади интернатските корисници живеат во мизерија, деновиве во нашата редакција достави едно од повеќето интерни писма со кои таа се обраќала до управата и практично, ја демантира изјавата на директорот

1,525

Наставничката по музичко која веќе 20 години работи во заводот за рехабилитација на деца и млади во Топанско поле, која неодамна излезе во јавност со обвинувања дека интернатските корисници во заводот живеат во мизерија, во нашата редакција достави едно од, како што вели, повеќето интерни писма со кои таа се обраќала до управата во врска со овие обвинувања.

Со тоа, Грета Парлиќ практично, ја демантира изјавата на директорот Фатмир Ејупи, според кој причината за нејзиното обвинувачко јавно писмо е лична. Имено, Ејупи во изјава за нашите портали рече дека ниту едно од обвинувањата на наставничката не е точно и дека е таа „само лута“ затоа што од Управата ѝ биле побарани клучевите од просторијата која ѝ била доделена за користење во септември 2021.година.






Повеќе за ова и документите што ги спомнува Грета Парлиќ, можете да ги видите на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини