ДЕТЕ НА ПОВОДНИК Дали ги осудувате луѓето што ги шетаат своите деца како кученца?

„Како што сфативме јас и мојот сопруг, имавме два избора: да одгледаме ќерка како дете од филмот „Соба“, која никогаш нема да го гледа надворешниот свет или да нарачаме поводник за деца преку Интернет. Го избравме ова второто“, признава мајка и жали затоа што некогаш го осудувала тоа

209

Мајка признава дека го води детето на поводник и жали затоа што некогаш го осудувала тоа
Истражувачката и писателка Сара Сахагијан од Торонто, која главно се занимава со феминистички теми, за HuffPost го опишала своето искуство во водење на дете на поводник.

Таа се сетила на нејзината прва средба со ова
„Првиот пат кога видов дете на поводник, имав 8 години и шетав со семејството. Во толпата, мајка ми и татко ми најдоа семејство што го познаваа. Додека возрасните разменуваа љубезни поздрави, видов поводник на нивното двегодишно дете. Тоа го запрепасти мојот предпубертетски ум“, раскажува Сара.






„Извинете, дали е тоа поводник?“ прашала таа, шокирана од глетката, а родителите лежерно одговориле дека е така, објаснувајќи дека во спротивно девојчето ќе побегнело. „Во тој момент знаев каков родител сакам да бидам; тој поводник претставуваше се што не би направила за да ја задушам слободата на моето дете. Никогаш не би го третирала своето идно дете како затвореник“, заклучила таа тогаш.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини